MK
EN
Добрoдојдовте на страницата на
IEEE
Одделот за
електроенергетика на
Република Македонија
IEEE Power
&
Energy Society е непрофитно здружение на
повеќе од 24000 поединци низ целиот свет кои се занимаваат
со електроенергетика. Претставува најголем светски форум за
размена на информации и знаења поврзани со технолошкиот
развој на електроенергетиката, за развој на новите стандарди,
изведба на опремата и системите, како и за едукација на
членовите од индустријата и на целокупната јавност.
Членовите на IEEE Power
&
Energy Society се вклучени во планирањето, истражувањата,
развојот, изградбата, инсталирањето и функционирањето на
опремата и системите на начин што овозможува безбедно,
доверливо и економично произведување, пренос, дистрибуција,
мерење и управување и искористување на електричната
енергија.
Членовите на IEEE Power & Energy Society се лидери во
ова поле, и тие заедно со своите
работодавци, профитираат од активното
учество во оваа единствена и високо реномирана асоцијација.