 |
MK
EN
Активности
Дел од активностите што ги организира IEEE
Одделот за електроенергетика на Р. Македонија се:
-
промовирање на
електроенергетската струка
-
промовирање на
знаењата поврзани со технолошкиот развој на
електроенергетиката
-
организирање
на работилници посветени на актуелни теми од
електроенергетиката
-
организирање
на гостувања на истакнати локални и светски предавачи од
областа на електроенергетиката
-
размена на
технички информации и искуства од областа на
електроенергетиката
-
поддршка на
стручни и научни собири од областа на електроенергетиката
-
зацврстување
на соработката помеѓу членовите
-
промовирање на
врските и соработката помеѓу членовите на останатите оддели
за електроенергетика во Регионот 8 (Европа и Африка) и во
останатите региони
Поранешни
активности на Одделот за електроенергетика
Дознајте повеќе за активностите
на Одделот за енергетика на Република Македонија пред повеќе од
6 месеци
На годишното собрание на
Секцијата на
IEEE на
Република Македонија,
одржано на 18.02.2011, доделена е наградата за
извонреден придонес во областа на
електроенергетиката на проф. д-р Љупчо
Трпезановски.
Проф.
д-р Трпезановски ја прима наградата од
претседателот на IEEE
Секцијата на Р. Македонија, проф. д-р Гоце
Арсов
|
Во
декември 2010,
Проф. д-р Љупчо Трпезановски од
Техничкиот факултет во Битола е номиниран за
IEEE наградата за извонреден придонес во областа
на електроенергетиката. Проф. Трпезановски е
еден од основачите на IEEE Одделот за
електроенергетика на
Република Македонија, негов долгогодишен активен
член и промотер.

Проф.
Трпезановски
(прв од лево)
на основањето на IEEE Одделот за
енергетика на Република Македонија
во Скопје, јануари 1997.
Поради
придонесот
во основањето и
работата
на IEEE Одделот за
електроенергетика
и истражувањата во областа на
електоренергетските системи, проф.
Трпезановски е номиниран за оваа
значајна
награда.
|
На 14.12.2010, на Факултетот за електротехника и
информациски технологии беше одржана стручна
работилница на тема „Квалитет на електрична
енергија“ во организација на Македонскиот IEEE
- Оддел за електроенергетика и
МАКО-СИГРЕ.
Целите на оваа работилница беа
запознавање на засегнатите страни и стручната
јавност со проблематиката на квалитет на
електрична енергија, отсликување на моменталната
состојба во Р. Македонија од аспект на квалитет
на електрична енергија и зголемување на свеста
за значењето на квалитет на електрична енергија.
Меѓу учесниците на работилницата беа
претставници од компаниите кои се занимаваат со
пренос и дистрибуција на електричната енергија
(МЕПСО, АД ЕВН Македонија, АД
ЕВН АТ), од индустријата (МАКСТИЛ), од повеќе
институции задолжени за подготовка и
спроведување на регулативата од областа на
квалитет на електрична енергија (Министерство за
економија на Р. Македонија, Регулаторна Комисија
на Р. Македонија, Агенција за енергетика,
Институт за стандардизација) како и истражувачи
од домашни и европски институции кои активно се
занимаваат со оваа област (ФЕИТ, Универзитетот
Чалмерс, Инспекторат за пазарно стопанисување со
електрична енергија на Шведска).
|
На
13.12.2010, во слата за состаноци на ФЕИТ
беа одржани предавањата на проф.
Math Bollen и проф.
Irene Gu. Презентациите
може да се пеземат преку следните линкови:
Првото предавање
беше
организирано во заедничка
соработка на
IEEE Одделот за енергетикa на Р. Македонија
и IEEE Одделот
за процесирање сигнали, а
второто
во организација на
IEEE Одделот за енергетикa на Р. Македонија.
|
Во мај
2010, во рамките на
активностите на IEEE Одделот за електроенергетика на
Р. Македонија,
беше организирано предавањето
кое го одржа Anjan Bose, професор од Државниот
Универзитет во Вашингтон
и истакнат предавач од DLP
листата на IEEE. Предавањето беше
организирано во просториите на Факултетот за
електротехника и информациски технологии во Скопје.
Презентацијата преземете ја
овде
|

предавачот....
...и публиката
|
Во
2008 година IEEE Одделот за електроенергетика на Р.
Македонија организираше неколку
интересни настани, меѓу кои го вбројуваме и
предавањето на проф. д-р
Math Bollen,
светски признат истражувач од областа на квалитет на
електрична енергија.
Презентацијата преземете ја
овде
|
предавачот....
...и публиката |
|
 |