IEEE Оддел за електроенергетика на Република Македонија

Дома
За нас
Активности
Членство
Студенти
Новости
Контакт

  MK      EN

            Со зачленувањето во одделот за електроенергетика станувате дел од големото семејство на членови на IEEE PES во целиот свет кои имаат единствена можност на ефикасен начин да добиваат најнови информации поврзани со сите аспекти на  електроенергетиката која особено во последниов период бележи исклучително брз и динамичен развој.

Дознајте повеќе!

Придобивки од членството

  • Една од најголемите придобивки на членството е пристапот до голем број публикации.  Сите членови ги добиваат двомесечните изданија на списанието Power&Energy, посветено на најновите трендови во електроенергетиката, како и месечникот Spectrum, кој претставува извор на најновите информации од областа на електротехниката и информациските технологии. Освен тоа, за членовите постои можност да набават специјализирани изданија или да се претплатат на дигиталната библиотека на Одделот за енергетика (PES DL) во која се содржат сите трудови издадени во рамките на списанијата IEEE Transactions on Energy Conversion, IEEE Transactions on Power Delivery и IEEE Transactions on Power Systems  од  1988 година.

  • Членувањето во оваа организација нуди постојано професионално усовршување и континуирано учење преку обуки, презентации и online интерактивни предавања  кои ги одржуваат признати експерти од областа на електроенергетиката.

  • Пристап до најновите информации од електроенергетиката преку учество на состаноци и конференции. Преку мрежата на IEEE се добива пристап и можност за размена на проверени и ефикасни технички решенија од областа на електроенергетиката.

  • Учество во технички активности како подготовка и пишување на стандарди од областа на електроенергетиката, што пак овозможува да се влијае врз развојот на актуелните технологии од оваа област.

Ново е-членство! Дознајте повеќе!