IEEE Оддел за електроенергетика на Република Македонија

Дома
За нас
Активности
Студенти
Членство
Новости
Контакт

   MK   EN

Новости

11 мај 2012

Трибина на тема Закон за енергетика - Една година потоа во организација на Мако-Сигре и IEEE Одделот за енергетика на Р. Македонија


Студискиот комитет Ц5 - Пазари на електрична енергија и регулатива на МАКО СИГРЕ и Одделот за електроенергетика на Македонската секција на ИЕЕЕ имаат чест да ве повикаат на трибина на тема Закон за енергетика Една година потоа!.

Тема на трибината е примената на Законот во изминатата година во делот на електричната енергија.

На трибината се поканети членовите на МАКО СИГРЕ и ИЕЕЕ, наставниците и студентите од ФЕИТ и Машинскиот факултет, претставници од МАНУ, како и претставници од компаниите од електроенергетскиот сектор.

Трибината започнува во 12 часот, во рпосториите на ФЕИТ, а се предвидуваат следните презентации:

1.       Елена Колевска, Министерство за економија

2.       Рубин Талески, МАКО СИГРЕ/ФЕИТ

3.       Марко Бислимовски, Регулаторна комисија за енергетика

4.       Коста Папастеревски, АД ЕЛЕМ

5.       Борко Алексоски, АД МЕПСО

6.       Сашо Салтировски, АД ЕВН Македонија

20 февруари 2011

Одржана дебата за потребите од иновирање на студиските програми од областа на електроенергетиката во организација на IEEE Одделот на Р. Македонија и Деканатото на ФЕИТ


Во рамките на активностите на
IEEE Одделот за електроенергетика на Р. Македонија, во декември 2011, со поддршка на Деканатот на ФЕИТ организираа анкета во врска со потребата од иновирање на студиските програми на ФЕИТ и досегашните искуства на инженертие во пракса. Успешно спроведената анкета финализираше со јавна дебата во просториите на ФЕИТ на која присуствуваа наставниот кадар на ФЕИТ, инженери кои работат во пракса и студенти.