IEEE Оддел за електроенергетика на Република Македонија

Дома
За нас
Активности
Членство
Студенти
Новости
Контакт

     MK      EN

Мисија

            Нашата мисија е да бидеме водечкиот провајдер на научни информации од областа на електроенергетиката, со цел да придонесеме за добробитот на општеството, како и бидеме основен извор за професионален развој на нашите членови.

 

За нас...

            Македонскиот Оддел за електроенергетика при IEEE е формиран 1998 година и во рамките на IEEE е регистриран како IEEE Power & Energy Society (PES) Chapter of Republic of Macedonia. IEEE Power & Energy Society во моментов има повеќе од 170 локални оддели низ целиот свет. Оддел претставува организација на еден или повеќе здружени претставници на IEEE технички оддели, во случајов Одделот за електроенергетика, што директно им служи на техничките, едукативните, научните и професионалните потреби на своите членови и јавноста. Секој оддел работи под покровителство на географски управуваната IEEE секција, во случајов IEEE Секцијата на Р. Македонија, која пак припаѓа во географскиот регион 8, заедно со останатите IEEE секции во Европа и Африка. Одделите му помагаат на Power & Energy Society да ја извршува својата мисија преку организирање на бројни активности на локално ниво. Дознајте повеќе за сегашните и идните активности на македонскиот Оддел за електроенергетика!

Малку историја...На кусо за развојот на електроенергетиката  IEEE PES

 

Македонска секција на Институтот на инженерите по електротехника и електорника